wordpress counter

Патување низ светот: Сирење (3 дел)

Во првите два дела, на патувањето во светот на сирењето се запознавме со Ементалер, Гауда, Едамер, Чедар, Камембер и Бри. Ова вкусно патување го продолжуваме во италијанските предели, каде се создаваат Горгонзола, Моцарела, Пекорино и Пармезан.

Горгонзола
Ова сирење има силен вкус, со типични сино-зелени црти кои потсетуваат на мермер. Се додава во сосови, тестенини, рижото и салати. Може да се послужи со месо или со овошје и мед како десерт. Легендата вели дека еден гостилничар, во 879 година, открил дека зимското сирење стракино кога ќе отстои неколку недели во влажна атмосфера станува сино. Го послужил и гостите биле воодушевени. Името е заштитено и оригиналната горгонзола се произведува само во Ломбардија.

Пармезан
Станува збор за тврдо, масно, ароматично, кравјо сирење од покраината Реџо Емилија. Ова е најкопираното сирење на светот. Ова сирење со зреење добива на цена, на арома и вкус. Неговото оригинално име е „grana Parmigiano Reggiano“.

Моцарела
Ова е неизоставен дел од секоја добра пица. Квалитетната моцарела има благ и свеж вкус, со високо учество на вода во составот. Колку сирењето е посвежо, толку е потврдо и поеластично, додека со зреење станува помеко и покисело. Изворно, моцарелата се произведува во мали топчиња со дијаметар од 6 см. Тежи помеѓу 80 и 100 грама и се чува во сопствената сурутка.

Пекорино
Станува збор за врвно италијанско тврдо сирење кое се подготвува од овчо сирење. Потеклото му е од Сардинија, а денес најмногу се произведува во римскиот регион и поради тоа се нарекува пекорино романо. Се сервира во мали парченца (слично на пармезанот) или рендано. Има остар и пикантен вкус и одлично се комбинира со овошје, мед или црно вино.

Related Posts with Thumbnails