wordpress counter

Попуст ако не вечерате со мобилен уред

Во време кога нашиот живот е нераскинливо поврзан со технологијата, еден ресторан во Лос Анџелес настапи со еден навистина интересен маркетинг трик. Имено, секој што нема да го употреби својот мобилен уред за време на вечерата, ќе добие попуст од 5% на целата сметка.

Станува збор за ресторанот „Eva“ на Беверли Хилс. Сопственикот на ресторанот, Марк Голд, изјави дека овој потег бил прифатен од голем број сегашни и потенцијални гости на ресторанот.

Откако ќе седнете на вечера, келнерот ќе ви објасни дека за да добиете попуст треба доброволно да решите дека нема да го користите мобилниот уред. Дури 40% од гостите прифатиле да го направат тоа.

Голд вели дека негова основна цел е да им помогне на луѓето повеќе да се зближат за време на оброците. Според истражувањата, паровите кои ги користат своите мобилни уреди за време на оброците имаат многу полоша врска и многу помала блискост помеѓу себе.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Пита од компири и зачини

Ова рустикално јадење можете да го сервирате како прилог кон главното јадење или како посебен солен деликатес. Што и да...

Close