wordpress counter

Последната вечера на Феран Адрија

Шпанскиот готвач Феран Адрија го нарекувааат Салвадор Дали на светската гастрономија. Ресторанот „Ел Були“, кој Адрија го купи во 1990 година, го претвори во едно од најмонденските места на светот. Но, ресторанот почна да остварува половина милион евра губиток годишно. Тоа беше премногу дури и за еден Адрија. Така, реши да го затвори.

Ресторанот престана да работи пред малку повеќе од еден месец. Се наоѓаше во градот Росес, 160 км од Барселона. Последната вечера која ја подготви се состоеше од 48 мали јадења. Според молекуларниот волшебник, тоа е најголемиот број на различни оброци кои кујната може да ги произведе.

Тој и неговата екипа подготвија: пинаколада во облик на шеќерна волна со смрзнат сушен ананас, мохито во форма на багет, мартини со пенлив крем од бадеми, вантан со пршута и ружички, кавијар од лешник, макарони со пармезан, крцкаво печен бакалар, рижото со капини и сос од дивеч… Мора да признаеме дека менито за збогување било неверојатно креативно и вкусно.

Феран Адрија е роден во 1962 година во Барселона, град со силна гастрономска култура. Сепак, младиот Феран воопшто не бил заинтересиран за готвење. Го науштил средното училиште и нашол работа во еден хотел како мијач на садови. Потоа побарал поплатена работа, за да може да оди на летување на Ибица. Така започнува неговата љубов кон храната.

Во 1983 година се вработил во „Ел Були“, релативно непознат француски ресторан на два часа возење од Барселона. Првин работел како готвач, а две години подоцна станува главен готвач. По една посета на Франција, постепено навлегува во тајните на молекуларната гастрономија. Сето негово знаење го донесе „Ел Були“ на првото место на најдобри ресторани во светот и тоа во период од три години, 2006-2009 година. Потоа, нашиот Рене Реџепи, со „Нома“ го презеде приматот кој не го дава веќе две години.

Подоцна, тој почна да отвора ресторан-барови, отвори академија и фондација, започна да предава на Харвард, издаваше ДВД-ија и книги готвачи… Како и секој „селебрити“, стана машина за правење пари. Но, „Ел Були“ сега оди во историјата.

Збогум „Ел Були“!

Related Posts with Thumbnails