wordpress counter

Продукти за среќа во новата година

Постојат бројни продукти за кои се верува дека ви носат среќа. Со оглед дека оваа година е на самиот почеток, ви ги претставуваме верувањата во различни земји за таканаречените среќни продукти.

Грозје
Шпанците веруваат дека новата година ќе им биде среќна ако изедат 12 зрна грозје кога часовникот ќе означи точно 12 часот на полноќ на 31.12. Се верува дека секое зрно грозје се однесува на секој месец во годината. Перуанците јадат дури и 13-то зрно за да бидат однапред сигурни дека и следната година ќе им биде среќна.

Варен зеленчук
Варено зелје, зелка, кељ и блитва во многу држави се консумираат за време на празниците бидејќи тие ја симболизираат економската среќа. Во Данска се јаде пропржен кељ со шеќер и цимет, додека Германците јадат кисело зелје.

Мешунки
Грав, грашок и леќа претставуваат симбол на парите бидејќи нивниот плод личи на парички. На 1-ви јануари во Италија се јадат колбаси и зелена леќа. Германците консумираат леќа или супа од грашок, додека во Бразил првиот оброк во годината е леќа.

Свинско месо
Се верува дека ова животно обезбедува напредок. Печен свински одрезок е карактеристичен за Куба, Шпанија, Португалија и Унгарија. Во Австрија, декорацијата на новогодишната трпеза е со украси од марципан во вид на прасе.

Риба
Данците јадат варен бакалар, Италијанците јадат бакалар од Божиќ па сѐ до Нова година, додека во Полска и Германија главно место има харингата. Најмногу риба може да се најде на шведските и јапонските свечени трпези. Во Јапонија, харинга се јаде за плодност, шкампи за долг живот, а сушена сардела за добра жетва.

Related Posts with Thumbnails