wordpress counter

Ресторани со прекрасен поглед и кујна (1 дел)

Кога се прават вакви списоци, обично се оценува само погледот од ресторанот. Списанието „Food and Wine“ нарави попис на ресторани кои покрај тоа што нудат незаборавен поглед, имаат и врвна кујна.

C5 Restaurant Lounge“ – Торонто, Канада
Надвиснат над Кралскиот музеј, овој ресторан овозможува неверојатен поглед кон отворено небо. Во кујната, славниот Тед Корадо ја создава таканаречената „Кујна Торонто“, која е слика на мултикултурната страна на овој град.

„Каива“ – Хонолулу, Хаваи
Овој ресторан е сместен на најпознатата светска плажа – Ваикики. Има прекрасен поглед, фонтана во главната просторија и вселенска соба со таван полн со светилки. Кога на ова ќе ја додадете современата јапонска кујна, тогаш задоволството е комплетно.

The Aquarium“ – Дубаи, ОАЕ
Со оглед на името, претпоставувате дека во ресторанот има аквариум кој се протега од подот до таванот и е преполн со стотици егзотични риби. Покрај аквариумот, има спектакуларен поглед на Дубаи, а специјалитетите кои се служат се најдоброто што морето го нуди.

Catch“ – Лос Анџелес, САД
Ниту еден ресторан не успева да овозможи таква слика на калифорниските плажи како што е тоа случај со „Catch“. Овој рибен ресторан има прозорци од под до таван кои гледаат директно на плажата во Санта Моника. Шеф на кујната е Мајкл Риардон, човекот кој ги прави најдобрите „crudo“ и „kurobota“ на светот.

Diwan Al-Sultan Brahim“ – Бејрут, Либан
Овој ресторан има неколку подружници, но оваа е една од најпривлечните. Дел поради локацијата покрај море, дел поради одличното јадење. Терасата со прекрасен поглед на Медитеранот е навистина одлично место да се ужива во „baba ghanoush“ и „tabbouleha“.

Related Posts with Thumbnails