wordpress counter

Ресторани со прекрасен поглед и кујна (2 дел)

Списанието „Food and Wine“ ни ги претстави 10-те ресторани според два критериуми –  најубав поглед и највкусна кујна. Во првиот дел споменавме пет, а исто толку неверојатни погледи ве очекуваат и во вториот дел од статијата.

Херберт Самуел“, Тел Авив, Израел
Станува збор за нов ресторан кој го дизајнирал архитектот Алон Баранович. Има врвна локација покрај море, а за кујната која се базира на регионалните специјалитети е одговорен славниот готвач Јонатан Рошфелд.

„Музадечанга“, Истанбул, Турција
Сопствениците на „Changa“ го отворија и овој ресторан кој се наоѓа во музејот „Sakip Sabanci“ во европскиот дел на овој прекрасен град. Кујната нуди модерни верзии на медитеранските специјалитети и неверојатно голема листа на коктели.

„Пападакис“, Атина, Грција
Во текот на овие три години, во кои го префрли ресторанот од островот Парос во престижниот дел на Атина, Лукабетус, сопственичката Аргиро Барбаригу стана вистинска медиумска ѕвезда со сопствена тв емисија и серија книги за готвење. Ресторанот стана познат по врвните специјалитети од риба и морски плодови и со неверојатниот поглед на Акропол.

„Пиершик“, Дубаи, ОАЕ
Сместен во дрвена структура слична на традиционалните домови во ОАЕ, ова место гледа кон Персискиот залив и има запрепастувачки убав поглед кон вештачкиот остров Палм Џумеира. Кујната не може да биде никаква друга, освен морска.

The Wharf Restaurant“, Сиднеј, Австралија
Овој ресторан ги пречекува гостите со прекрасен поглед кон пристаништето и мостот. Во кујната, готвачот Арон Рос подготува модерна австралиска храна со вкус сличен на фантастичниот поглед кој го нуди ова место.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Козметика од фрижидер (2 дел)

Во првиот дел ви дадовме предлози за неколку маски за лице и врат кои се подготвени исклучиво од продукти кои...

Close