wordpress counter

Серијал: Што имаат другите, а ние не – Белград (1 дел)

Знаеме често да се пофалиме дека нашиот главен град е забавен, интересен, со нови содржини и богата забава во ноќните часови. Искрено, ние од редакцијата на Гурман™ не сме виделе такво нешто. А одамна сме во Скопје – од само раѓање.

Затоа, во наредниот период ќе ве запознаваме со места за јадење, пиење и забава кои се отвoраат во големите градови. И што треба Скопје да направи за конечно да стане вистински главен град.

Ќе започнеме со Белград. Иако не можеме да споредуваме ни по број на жители ни по големина, сепак имаме една заедничка карактеристика – и едниот и другиот се главни градови. И тука завршува секоја сличност. А, еве и зошто:

Fresco – pizza & espresso bar

Се наоѓа кај Филозофскиот факултет. Неверојатен дизајн на ентериер и уште повкусна храна. Место кое им се допаѓа на сите – од студенти до брокери. Одлично место за јадење „од нога“. И замислете, функционира. Во Скопје веројатно би пропаднало за два-три месеци.

Adore – chocolate shop

Имаат прекрасен локал во Delta City, а за чоколадите и нема доволно адекватен збор за да ги опишеме. Место само за оние кои навистина знаат што сакаат од чоколадата. Специфични вкусови за посебни луѓе. И замислите и ова работи. Кај нас местово би се мачело додека отмено не пропадне – со двајца купувачи во смена.

Elixir – витамин бар

Е ова Скопјани нема да го дозволат! Во нивниот град некој да им продава здрави пијалаци?! „Ова не е за кај нас.“ – ќе бидат повеќето коментари. „Плус, нема алкохол!“ Какво ли е тоа место кое нема пиво и скара?! Како и да е, за разлика од нас, белграѓаните уживаат во својот витамин бар и своето здравје. Во свежо цедени сокови, супи, чорби, пиреа и порции зеленчук и овошје. Ние уживаме во издувните гасови на автомобилите.

Related Posts with Thumbnails