wordpress counter

Серијал: Што имаат другите, а ние не – Белград (1 дел)

Зна­еме често да се пофа­лиме дека нашиот гла­вен град е заба­вен, инте­ре­сен, со нови содр­жини и богата забава во ноќните часови. Искрено, ние од редак­ци­јата на Гур­ман™ не сме виделе такво нешто. А одамна сме во Ско­пје — од само раѓање.

Затоа, во наред­ниот период ќе ве запо­зна­ваме со места за јадење, пиење и забава кои се отвoраат во голе­мите гра­дови. И што треба Ско­пје да направи за конечно да стане вистин­ски гла­вен град.

Ќе започ­неме со Белград. Иако не можеме да спо­ре­ду­ваме ни по број на жители ни по голе­мина, сепак имаме една заед­ничка карак­те­ри­стика – и едниот и дру­гиот се главни гра­дови. И тука завр­шува секоја слич­ност. А, еве и зошто:

Fresco — pizza & espresso bar

Се наоѓа кај Фило­зоф­скиот факу­лтет. Неве­ро­ја­тен дизајн на енте­риер и уште пов­ку­сна храна. Место кое им се допаѓа на сите — од сту­денти до бро­кери. Одлично место за јадење „од нога“. И зами­слете, функ­ци­о­нира. Во Ско­пје веро­јатно би про­пад­нало за два-три месеци.

Adore – chocolate shop

Имаат пре­кра­сен локал во Delta City, а за чоко­ла­дите и нема дово­лно аде­ква­тен збор за да ги опи­шеме. Место само за оние кои нави­стина знаат што сакаат од чоко­ла­дата. Спе­ци­фични вку­сови за посебни луѓе. И зами­слите и ова работи. Кај нас местово би се мачело додека отмено не про­падне – со двајца купу­вачи во смена.

Elixir – вита­мин бар

Е ова Ско­пјани нема да го дозво­лат! Во нив­ниот град некој да им про­дава здрави пија­лаци?! „Ова не е за кај нас.“ — ќе бидат пове­ќето комен­тари. „Плус, нема алко­хол!“ Какво ли е тоа место кое нема пиво и скара?! Како и да е, за разлика од нас, белгра­ѓа­ните ужи­ваат во сво­јот вита­мин бар и сво­ето здра­вје. Во свежо цедени сокови, супи, чорби, пиреа и пор­ции зелен­чук и овошје. Ние ужи­ваме во издув­ните гасови на авто­мо­би­лите.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис