wordpress counter

Серијал: Што имаат другите, а ние не – Белград (2 дел)

Во првиот дел наве­довме три пре­кра­сни места во кои белгра­ѓани може да ужи­ваат, а кои во Ско­пје уште долго ќе ги чекаме. И во овој дел ќе спо­ме­неме три места од кои едно го имаме како кате­го­рија во Ско­пје, но разли­ката во изгле­дот е повеќе од очигледна.

Speakeasy – coffee and food

Српски син­џир барови кој е пио­нер во мини­ма­ли­стич­киот дизајн. Едно­ста­вен, еле­ган­тен, све­тол и про­ве­трен. Токму таков, каква што кујна и дом поса­ку­вате. Мафин од малини и sticky fingers е про­ве­рена работа во ова место.

Мали Кале­ниќ – бакалница

Убава про­дав­ница полна со овошје и зелен­чук, наре­дени во пле­тени корпи и мали дрвени гајби. Чисто, еле­гантно, при­јатно за посета и шопинг. Инте­ре­сно е дека ова е само една пилјара, а напра­вена со толку љубов.

Кан­тина – ресторан

Ново и нео­бично место, затоа што луѓето го бараат тоа. Инте­ре­сна и нео­бична понуда наме­сто едни исти досадни, милион пати видени шеми и кон­це­пти кои пре­о­вла­ду­ваат во Ско­пје. Добро јадење, добро пиење и огромни про­зорци. Имаат пре­кра­сно мени кое е печа­тено на хар­тија за паку­вање и кое служи како послу­жав­ник кој можете да го поне­сете со себе.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис