wordpress counter

Серијал: Светски ресторани (1 дел)

Ресторан: „Azure“
Локација: Лас Вегас, САД

Овој ресторан е во склоп на „Palazzo Resort Hotel and Casino“ во светскиот центар на коцкањето. Овој ресторан е поврзан со приватен базен, во кој можете да уживате додека ја споделувате вечерата со вашите најблиски. Самиот ресторан потсетува на прекрасните угостителски објекти на француската ривиера.

„Azure“ нуди речиси парадна храна која опфаќа ултра свежо овошје и зеленчук, замрзнато грозје, пијалаци за кои сте слушнале или можеби не, водата „Евиан“ и секако неверојатни специјалитети од повеќе светски кујни. За оние што се вистински хедонисти, постои можност да се препуштите на врвен шампањ и масажа.

Забавата е надополнета со музика, модели и модни ревии. Доколку се решите да престојувате во ресортот, тогаш можете да уживате во пица со црн кавијар, салата од јастог, лосос „crudo“… списокот е бескраен. Сето тоа надополнето со врви вина, виски или шампањ од типот „Dom Perignon“, „Veuve Cliquot“, „Perrier Joet Fleur“.

Related Posts with Thumbnails