wordpress counter

Шест одлични места во Копенхаген (1 дел)

Концептот на „Нордиска кујна“ би можел да ни звучи малку чудно и непознато, иако пред 2 години во посета на Скопје беше Трина Ханеман, која нѐ запозна со овој концепт.

Ако зборуваме за нордиската кујна, тогаш мора да се посети Копенхаген, центарот на ова гастрономско царство. Доколку не можете да резервирате место во ресторанот „Нома“ на нашиот Рене Реџепи, тогаш би требало да посетите некое од следните места:

Marv&Ben“
Овој ресторан го води штитеникот на Рене Реџепи, Фредерик Хвид. Поточно, ова е цел пансион, со оглед дека на вториот кат има хотел. Имињата на јадењата се навистина интересни: „Нешто со лосос“ или „Море и село“. Вината се исклучиво француски. Сопственикот Хвид најчесто можете да го најдете токму во кујната, каде готви.

Restaurant Relae“
Овој ресторан ќе ве освои со својата лежерност. Оброците се состојат од 4 јадења. Нешто што секако треба да се вкуси е јагнешко со морски ракчиња и зачини или пире компир со рендани лешници. Вакви јадења, надополнети со прекрасна тивка музика во позадина, ќе ве однесат во посебен свет на уживање.

Nimb Loiuse“
Станува збор за прекрасен хотел во Тиволи. Кујната на овој ресторан ја води една од младите кулинарски надежи на Данска, Алан Пулсен. Тој го принесува пред гостите најновото од нордиските кујни – ектремно свежи локални состојки, природна декорација и сѐ со многу малку сол. Ќе споменеме два специјалитета – бели моркови во крем од путер или јагнешко со сладок леб. Останатото ќе треба сами да го откриете.

Related Posts with Thumbnails