wordpress counter

Шест одлични места во Копенхаген (2 дел)

Ако веќе немате среќа да добиете маса во најдобриот ресоран на светот „Нома“, чиј сопственик е нашинецот Рене Реџепи, тогаш решете се за некое од следните одлични места во Копенхаген.

„Torvehallerne Market“
Минатиот септември се отвори овој гастро маркет кој има преку 80 различни продавачи кои нудат вистинско кулинарско богатство: од свежо овошје, па до чаден лосос. Секако, тука се и малите штандови за пијалаци, за да биде комплетно задоволството. Тука ќе ги најдете и светски популарните „Il Fornaio“ (италијанска пекара) и кафе барот „Coffee Collective“.

„The Barking Dog“
Ова супер место се наоѓа близу Норебро. Сопственик е Карл Вагнер, кој долго престојувал и работел во Лондон. Менито со пијалаци е фантастично – од класики како „Florida“ и „Bellini“, па сè до „Titanic Negroni“ и „Bienvenidos“. Едноставно, паб за сечиј вкус.

„K Bar“
Сопственичка на овој бар е Кирстен Холм. Таа е една од данските најдобри коктел мајстори. Ова место го отвори пред десетина година и оттогаш е незаменливо за секој што сака да ужива во коктелите. Атмосферата е опуштена и тука се договара каде ќе се продолжи вечерната забава. Супер место пред ноќно излегување.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Попинатор – уред кој ги лансира пуканките директно во уста

Ако барате некој позабавен начин да јадете пуканки, компанијата „Popcorn Indiana“ направи еден навистина посебен уред. Станува збор за „Попинатор“,...

Close