wordpress counter

Слатките тајни на Теа Мамут

Младата Хрватица Теа Мамут е една од ретките дипломци од овие краишта на „Culinary Institute of America“. Дипломирала на отсекот слаткарство и пекарство. Занаетот го „печела“ во многу познати ресторани низ САД, по што се вратила во Хрватска за да ја продолжи својата кариера.

Работела и во ресторани со три Мишелинови ѕвездички и за сите оние кои не веруваат, вели дека храната во тие ресторани никако не може да се споредува со храната во обичните ресторани. Во тие ресторани сè зависи од главниот готвач.

Смета дека секој може да направи одличен десерт. Нема потреба од многу мислење, туку доволно е да се погледнат продуктите на располагање и да ви дојде идеја. Кога станува збор за десерите, нејзиниот најважен совет е дека сѐ треба прецизно да се мери, да се следи упатството и да се има многу трпение.

Нејзиниот најбрз рецепт е Панакота. Земете 6 гр желатин во листови и ставете го во студена вода. Загрејте 250 гр павлака за готвење со 500 гр млеко и 100 гр шеќер. Пред да зоврие смесата, исцедете го желатинот и ставете го во садот со павлака. Добиената смеса налејте ја во садови за сервирање и оставете да се излади. Следниот ден сервирајте со вашето омилено овошје или компот.

Related Posts with Thumbnails