wordpress counter

Специјалитетите на индиската кујна

Оваа голема азиска земја има долга и богата кулинарска традиција. Специфичниот вкус на оваа кујна се должи на миксот од коријандер, ким и куркума. Сите останати состојки се само додатоци. Храната на северот на Индија е малку потешка, додека на југот повеќе се консумира риба и ориз наместо леб и месо.

Во продолжение ќе наведеме некои од најпознатите индиски специјалитети.

Кари од риба по потекло од Гоа
Свежа риба приготвена во сос од чили, анис, цимет, тамаринд, мускатно оревче, слатко-кисело суво овошје и кокосово млеко.

Леб
Индијците своето кари обично го јадат со леб. Постојат стотици видови на леб. Индискиот леб главно содржи квасец и е направен од пченично брашно и зачини. Познати се „чапати роти“ и „парата“.

Дал
Ова е еден од најпознатите индиски извозни продукти. Се приготвува од леќа, грав или грашок. Секој регион го приготвува на свој начин. Се консумира со леб.

Биријани
Пржен ориз со суво овошје, јаткасти плодови и ароматични зачини како шафран.

Улична храна
Уличната храна во Индија е приказна сама за себе. Храната е топла и се приготвува пред самите купувачи, а јачината на зачините ја одредува самиот купувач. Се препорачуваат „самоса“, „јалеби“, „качори“, „пав баџи“ и „тики“.

Related Posts with Thumbnails