wordpress counter

Специјалитетите на Мароко

Мароко е земја на северот на Африка, во која храната има култно место. Традиционалниот оброк се состои од повеќе различни јадења кои се консумираат полека. Се користат свежи, локални продукти, кои ги има во изобилство.

Прескокнувањето на појадокот се смета за злосторство. Најпопуларни утрински јадења во Мароко се палачинки сервирани со мед и мармалад, крофни и слатко пециво познато како „Ргаиф“. Од пијалаците се консумираат цеден сок од портокал, чај од мента и ахва и силно кафе.

Од специјалитетите кои се подготвуваат за време на ручекот и вечерата ви ги предлагаме следните:

Кус кус
Ова е веројатно најпознатиот марокански специјалитет. Оризот се сервира со јагнешко, пилешко месо, риба, зеленчук или лут колбас. Има богат вкус затоа што ги впива аромите при подготовката, а на сервирањето му претходи долго варење на пареа.

Тајине
Полека варено јагнешко, пилешко месо, риба или зеленчук. Името му доаѓа од глинениот сад во кој се подготвува. Се смета за скапоценост на мароканската кујна.

Харира
Ова е супа од леќа, домати, ѓумбир, бибер и цимет. Мошне често се консумира за време на рамазанските пости и се сервира по зајдисонце.

Пастила
Солена или слатка пита од месо во лиснато тесто. Се користи месо од гулаби, пилешко месо или риба. Се додаваат и цимет, ѓумбир и пржени бадеми. Месото е толку меко, што се топи во устата.

Мечуи јагнешко месо
Мароканците обожуваат јагнешко на скара. Се сервира со пита-леб зачинет со сол, бибер, ким, куркума и шафран. Како макало се подготвува смеса од ким и сол.

Related Posts with Thumbnails