wordpress counter

Старо масло за производство на електрична енергија

Во австриската покраина Тирол, старото масло за пржење не се фрла, туку преку процес на преработка од него се добива електрична енергија. На тој начин, тиролците со еден удар убиле две муви. Од една страна, не ја загадуваат животната средина, а од друга страна добиваат електрична енергија.

Идејата е на инжинерот Калегари, кој го осмислил целиот процес. Искористеното масло се откупува и потоа поминува низ процес на пречистување, по што од него се добива електрична енергија. На тој начин, наместо да ги затнува одводите за канализација, маслото за пржење добива сосема нова намена.

Интересно е дека машината за пречистување на маслото, работи на био дизел гориво, кое исто така се добива од искористеното масло за јадење. Пречистителната станица за масло може да снабди преку 3.000 домаќинства со струја. И самата пречистителна станица создава електрична енергија за своето работење.

Инаку, инжинерот Калегари (би бил убаво кога некој да го покани кај нас) ја користи секоја можност за да произведе чиста, еколошка електрична енергија. При пречистувањето на маслото, како отпад се добива кал. Тој ја суши калта и од неа добива гориво за локалната индустрија. Покрај тоа, таа кал може да се користи и за греење во индустријата за цемент.

Луѓето од Тирол веќе некое време работат по овој систем. За нив, делењето на отпадот подразбира поделба на хартија, шишиња, пластика и масло за јадење. Останува да видиме дали кај нас може да се искористат овие придобивки од другите земји. Колку за информација, машината за пречистување чини 500.000 евра.

Related Posts with Thumbnails