wordpress counter

Светските знаменитости во бело чоколадо

Белoтo чоколадo е една од најчестите состојки во десертите и идеална глазура за многу колачи и торти. Поради можноста за топење, оваа состојка е одличен избор за глазура. Но, кога белoтo чоколадo ќе падне во рацете на слаткар кој е веќе дел од Гинисовата книга на рекорди, тoа добива сосема нова димензија.

Дела Векиa, со помош на белo чоколадo, успеа да ги направи Кривата кула во Пиза, грчкиот Партенон, Амфитеатарот во Рим, египетските храмови и Стоунхенџ.

Интересно е дека овој слаткар ги разработил овие дела до најситни дела. Така, на античкиот амфитеатар во Рим се гледа оштетената фасада, Кривата кула во Пиза ѝ пркоси на гравитацијата исто како оригиналот, додека кај храмот на Рамзес се присутни сите детали.

Инаку, Мирко Делa Векиa се занимава со правење десерти повеќе од 13 години. Минатата година ја направи најголемата статуа од бело чоколадо во светот, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди. Станува збор за статуата на Свети Марко во Венеција, висока речиси 8 метри.

Related Posts with Thumbnails