wordpress counter

Топ 5 градови со вкусна улична храна

На туристичките мапи, сѐ повеќе свое место наоѓа и уличната храна по светот. Така, во туристичките понуди за Ханој, Сараево и Истанбул, веќе одамна уличната храна се рекламира заедно со културните знаменитости. Оваа статија ја наменуваме токму на 5-те градови кои нудат одлична улична храна.

Истанбул
Списокот на улична храна во најголемиот турски град е навистина импресивен. Ќе започнеме со добро познатиот салеп, потоа „Islak Burger“ (хамбургер, земичка и сос), „Midye Dolma“ (полнети школки, сварени и пропржени со ориз, а се јадат прелиени со лимонов сок), „Macun“ (отомански десерт кој наликува на стопени бонбони), „Kebab“ (лепиња со месо и разни додатоци како јогурт, краставици, сирење, кромид и зачини).

Сараево
Сараевскиот специјалитет бурек беше ставен на списокот на најдобра улична храна според британскиот „Гардијан“. Се приготвува од тенки кори полнети со месо, сирење или спанаќ, а се консумира со јогурт. Да не ги заборавиме и сараевските ќебапи, кои важат за едно од најдобрите јадења приготвено на скара.

Ханој
Најпозната улична храна во овој виетнамски град е „Banh mi“. Станува збор за сендвич кој се состои од бел багет кој се грее на скара, се премачкува со паштета и мајонез и преку тоа се ставаат школки, свеж зеленчук и зачини. На крајот се додава и малку соја сос и чили.

Мексико сити
Во Мексико сити може да се проба „Tamales“, кој се приготвува од варено пченкарно брашно и ситни парчиња месо. Покрај него, можете да уживате и во „Takos“, „Antojitose“, „Elotes“, „Huaraches“ и пченкарните колачиња.

Маракеш
За сите кои сакаат да уживаат во мароканската кујна, ова е вистинско место. Мароканската кујна е вистински микс од француска, шпанска кујна и мароканска традиција. На плоштадите можете да пробате супа „Harira“, сушено овошје, различни меса со зачини, кус-кус, ќебап и риба.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Маринирани лигњи на жар

Приготвувањето на овој прекрасен рецепт трае околу 45 минути. Можете да го сервирате како главно јадење и да уживате во...

Close