wordpress counter

Топ список на ресторани и кафетерии во Љубљана

Љубљана е главен град на Словенија и една од најмалку истражените туристички локации во Европа. Има само околу 300.000 жители, но тоа не значи дека нема добра гастрономска понуда. Напротив, ќе се изненадите колку содржини има во овој град.

Zlata Ribica“
Овој паб со летна тераса се наоѓа на самиот брег на реката Љубљаница и е одличен избор за лесен ручек или вечера. Се наоѓа на само неколку метри од плоштадот „Прешерн“ и во менито ќе најдете карактеристични словенечки јадења како јута, потаж од роткви, грав и компири, како и домашен леб.

Gostilna pri Pavli“
Ова е вистинска словенечка гостилница. Има шмек на домашна кујна и во неа може да се запознаете со локалното население и бројните студенти, а покрај тоа и да уживате во словенечки колбаси, пршута и кисела зелка со леб од хељда.

Vinoteka Sokol“
Ако се задржите подолго време ќе разберете дека локалното население ужива во посета на ова место. Можете да уживате во гулаш и други слични јадења кои се служат во мали котлиња, потоа палента, колбаси, кнедли и штрукли.

TRTA Pizzeria“
Ако се прашувавте каде може да ја најдете најдобрата пица во Словенија, тогаш оваа пицерија може да се пофали со такво нешто. Има тераса со поглед на река, а најпозната пица им е Тревизијана (домати, ротквици маринирани во маслиново масло, моцарела и пармезан). Сето тоа залиено со „Златорог“.

PLAC“
Ова место го препорачуваме на сите кои останале со малку пари. Се наоѓа покрај пазар и овде ќе бидете во центарот на случувањата. Јадењата се едноставни, традиционали и ефтини (грав, гулаш, минестроне). Ќе видите многу локалци кои дошле да уживаат во чаша Малвазија и цигара.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Чипс од цвекло

Иако цвеклото во нашата македонска кујна најчесто е дел од салата или туршија, сепак постојат и други начини како да...

Close