wordpress counter

Трендови: ресторан во стан

Сопстве­ни­ците на ресто­рани и готва­чите посто­јано про­на­о­ѓаат нови начини како да ги напра­ват задо­во­лни сво­ите гости. Еден од овие трен­дови е пре­тво­рање на ста­нот во ресто­ран, како што е слу­ча­јот со Saltoun Supper Club. Ста­нува збор за еден вид „underground“ ресто­ран, кој е алтер­на­тива за пре­ска­пите попу­ларни ресто­рани каде се бара маса повеќе.

Овој „герила ресто­ран“ во јужен Лон­дон е отво­рен секој втор­ник и има посебно мени за секоја сед­мица. Целото мени се под­го­твува и на веге­та­ри­јан­ска база. Спе­ци­ја­ли­те­тите ги под­го­твува Арно Мас­дорп, фото­граф, сти­лист за храна и најва­жно од сѐ — вљу­бе­ник во јаде­њето. Ваша обвр­ска е да пла­тите 25 фунти и за тие пари доби­вате јадење кое се состои од пред­ја­дење, главно јадење и десерт, како и кафе. Вие треба да си доне­сете пиење. За менито и за сѐ оста­нато доби­вате инфор­ма­ции преку елек­трон­ска пошта неко­лку дена претходно.

Ако не ви се допаѓа оваа опција, можете да одбе­рете да си изнај­мите личен готвач. Или ако сте пре­многу уморни и не сакате потоа да го рас­чи­сту­вате нере­дот, тогаш ова е одлична алтер­на­тива. Арно Мас­дорп и него­виот тим ќе се погри­жат за сите ваши желби: набавка на про­дукти, готвење, деко­ри­рање, послу­жу­вање. Додека ужи­вате со сво­ето дру­штво ќе доби­ете пре­кра­сна вечера и некој друг ќе се погрижи за цело­ку­пниот неред.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Гастрополис