wordpress counter

Вефа Алексиаду – најголемата дама на грчката кујна

Ресторанот „Лемонија“ во Лондон е навистина посебно место. Не поради тоа што се наоѓа на „Primrose Hill“, ниту дека во него доаѓаат Кејт Мос или Рејчел Стивенс. Неговата посебност му ја донесе посетата на првата дама на грчката кујна – Вефа Алексиаду.

Госпоѓа Алексиаду е неверојатно позната во својата земја. Првата книга, со наслов „An Invitation To Dinner“, ја објавила упте во 1980 година и оттогаш сите нејзини книги се вистински бестселери. Долги години имала своја утринска емисија „Morning Coffee“, која буквално ги залепувала љубителите на храната за малите екрани. Поседува и синџир на продавници низ цела Грција, за продажба на кујнски и прибор за готвење.

Таа е комбинација од волшебник и претприемач. Во една прилика гордо ќе изјави: „Јас само ги научив гркинките да готват“.

Интересно е дека Вефа студирала хемија во Солун и се до својата 45-та година работела во својата струка. Тогаш се решава да се посвети на нејзината вистинска љубов – храната. Ја пишува и првата книга, која ја отпечатила со свои средства.

Потоа, приказната продолжува во најубава насока. Денес Алексиду ги бара причините зошто грчката кујна никогаш не станала позната како италијанската, иако имала предиспозиции за тоа. Смета дека грчките доселеници повеќе сакале на улица да продаваат суфалки и ѕаѕики, наместо да отвораат ресторани. Ги обвинува и сопствениците на рестораните во Грција. Тие штедат и ги употребуваат најлошите можни состојки само за да заработат повеќе. Резултатот е познат.

Кај нас, сега засега, најголема дама на македонската кујна е Андријана Алачки. Таа веќе ја објави и својата прва книга, а поседува и своја линија на прехранбени производи, односно зачини. Нејзината емисија на Алфа ТВ веќе си има своја публика.

Related Posts with Thumbnails