wordpress counter

Виена – град на илјада вкусови

Кога се зборува за Виена, веројатно сите зборови би требало да се во суперлатив. Особено ако се решиме да зборуваме за храната таму. Секако, прва асоцијација на сите е виенската шницла или како што е популарна во овој град од бајките – „Wiener schnitzel“. Таа е дел од виенската култура уште од Втората Светска Војна.

Од друга страна, да ја посетите Виена и да не пробате „Wurstel“ колбас е исто како странец дојден во Македонија да не го однесете на пита, овчо сирење, ајвар, пинџур… Внимавајте, често место колбас ќе се обидат да ви стават виршли.

Ако зборуваме за десертите, тогаш повторно налетуваме на една торта која е длабоко врежана во нашите мисли. Секако, тоа е Захер тортата – уште едно од гастрономските обележја на главниот град на Австрија. Ако ги запрашате жителите на Виена каде да одите на десерт, едногласно ќе ви кажат: слаткарница „Демел“.

Интересно е дека во периодот 1930-1965 година постоела правна борба дали Захер тортата е на „Демел“ или не. Решението било дека може да постојат две – „Захер“ и „Захер Демел“ торта.

За љубителите на слаткото, во Виена постои слаткарница која се вика „Eis Greissler“ и пред која се создаваат долги редици луѓе само поради сладолед. Станува збор за паниран сладолед полнет со најразлични видови овошје.

Секако, ова не е сè што може Виена да понуди, но е еден обид да ги споменеме нејзините најпознати гастрономски обележја. Важно е да се напомене дека Виена во последните децении станува мултикултурен град и со тоа се менува и сликата за неа и во неа. Но, овие неколку специјалитети веројатно остануваат засекогаш.

Related Posts with Thumbnails