- Гурман™ - http://gurman.mk -

Во Русија и „фаст фудот“ е секси

Некаде во 80-тите години на минатиот век, кога се отвори првиот „McDonald’s“, русите едноставно „побудалеа“. За нив не беше веројатно дека со толку малку пари може да се купи оброк со западен вкус. Сепак, оттогаш помина многу време. Се отворија голем број странски ресторани и сега конкуренцијата е огромна.

Токму затоа, при неодамнешното отворање на „Wendy’s“, луѓето од таа компанија прибегнаа кон нова стратегија. Стратегија со која сакаат да покажат дека се руска компанија и секако да ја искористат нивната смисла за хумор и идентитет.

Компанијата која ја има лиценцата го смени сфаќањето на првичната идеја како е изграден имиџот на компанијата. Имено, црвенокосото девојче со репче, кое всушност е ќерката на сопственикот кога имала 8 години, сега е секси девојка која носи крактко фустанче, долги чорапи до колена и секако, високи потпетици.

Според компанијата, оваа стратегија е полн погодок. Ресторанот е полн со млади мажи на возраст од 18-24 години, кои најмногу трошат пари. Директорката за односи со јавност, Викторија Харгрејв се согласува дека „секси Wendy’s“ не е лесно прифатлива идеја, посебно за странците. Но, поради големата конкуренција на рускиот пазар, тие биле приморани да направат нешто ново и иновативно за да го привлечат вниманието на потрошувачите. Според редовите во ресторанот, изгледа дека им успева.