wordpress counter

Врвни светски пекарници (1 дел)

Пекарница е едно од местата кои секојдневно ги посетуваме. За волја на вистината и кај нас има одлични пекарници, кои ќе бидат предмет на дискусија во некоја друга статија. Денешната ја посветуваме на некои од најдобрите светски пекарници.

Meyers Bageri“, Копенхаген
Сите производи во оваа пекарница се од сертифицирано органско брашно и тоа од жито кое расте во близина на данскиот главен град. Сопственик е Клаус Маер, кој во исто време е и со-сопственик на ресторанот „Нома“, заедно со Рене Реџепи. Сите продукти се свежи и вкусни, особено во комбинација со незаменливиот дански путер.

Valhalla“, Шведска
Ова е место со неверојатно вкусни колачи и лепчиња. Овде ќе уживате во лепчето со кардамом, што е едно од печивата кои најчесто се јадат наутро во Шведска. Се приготвува од слатко тесто со многу свеж кардамом. Се сервира со путер и крем.

Farm & Sparrow“, Ешвил, Северна Каролина
Само еден поглед на лепчињата на нивната веб страница ќе ви докаже дека во оваа пекарница има нешто нескојдневно и мошне вкусно. Се приготвуваат од локално одгледувани житарки од кои се приготвува тесто кое се пече во фурни на дрва.

Related Posts with Thumbnails