wordpress counter

Врвни светски пекарници (2 дел)

Во првиот дел од статијата претставивме три пекарници кои се наоѓаат во Данска, Шведска и САД. Денес ќе уживаме во пекарските производи во Шпанија, Перу и Италија.

The Loaf in Box“, Сан Себастијан, Шпанија
Оваа пекарница е заеднички проект на повеќе познати шпански пекари, под водство на Ден Лепард, писател и фотограф. Покрај вкусните производи, оваа пекарница има и школо и простор за работилници во кои може да доаѓаат пекари од целиот свет. Еден од финансиерите е и туристичкото биро на Сан Себастијан.

El Pan de la Chola“, Лима, Перу
Сопственик на пекарницата е Џонатан Деј. Човекот обожува да приготвува леб печен на дрва. Брашното го подготвува сам од ориз или пак од тесто во лакто култури. Покрај лебот, овде на истиот начин се приготвуваат сендвичи и пица.

Pizzarium“, Рим
Станува збор за место во кое се рушат сите правила на приготвување пица. Габриеле Бончи ужива да го приготвува најпознатиот италијански специјалитет од тесто кое се прави од најразлични видови брашно со лакто култури. Вкусот е посебен и несекојдневен.

Related Posts with Thumbnails