wordpress counter

Земји во чија храна ќе уживате (1 дел)

Храната и патувањето секогаш одат заедно. Каде и да заминете, ќе посакате да вкусите некој тамошен традиционален специјалитет. Според изборот кој го направи веб-страницата lonelyplanet.com, посетата на некоја од следниве 11 земји ќе ги развесели вашите непца.

Тајланд
Оваа кујна ги има собрано најубавите работи од Индија, Кина и Океанија. Многу се користат лукот и чилито. Остриот вкус на кујната се постигнува со лимонова трева и коријандер. Познати специјалитети: рибји сос и паштета од домати.

Грција
Во оваа земја ќе уживате буквално во сè – од маслинки до октоподи. Вкусот е посебно добар кога станува збор за домашен леб, свеж домат и свежа риба, штотуку извадена од море. Уживаат и во десерти, а среда и петок се денови без месо.

Кина
Оваа кујна се базира на рамнотежа и склад. Тоа е видливо во секоја нивна порција. Не треба да ве зачудат комбинации од ладно овошје и врело месо со зачини. Оризот и нудлс се дел од речиси секое јадење.

Мексико
Оваа кујна е под сериозно влијание на шпанската кујна, а примила карактеристики и од француската и африканската традиција. Од продуктите најчесто се користат авокадо, пченка и грав.

Франција
Од сирење и шампањ, до полжави и багет лепче. Во оваа земја не е можно да не ви се допадне храната. Секој регион има свои специјалитети. Ручекот е главниот оброк. Постои и нешто што се вика кралски оброк – тоа подразбира домашно приготвена вечера, која се состои од 6 вида јадење.

Related Posts with Thumbnails