wordpress counter

Земји во чија храна ќе уживате (2 дел)

Во првиот дел споменавме 5 земји во кои навистина ќе уживате кога е во прашање нивната храна и кулинарска традиција. Денес, го надополнуваме тој список со уште 6 земји.

Шпанија
Шпанската (и каталонската) кујна ги обожува шафранот, куминот и медот. Мешавината од вкусни состојки ѝ дава убав шмек на кујната на Барселона. Таму ќе уживате во прекрасни морски плодови, кои се приготвуваат со бројни сосови. Вечерата е главниот оброк и таа никогаш не е пред 21 часот.

Италија
Ова е веќе чиста класика. Храната е нешто по што целиот свет ја препознава Италија. И покрај различните традиции во различни региони, постојат некои работи кои се карактеристични за целата земја. Пица, тестенини, рижото и секако тирамису и кафе по јадење.

Индија
На југот, основна состојка е оризот, додека на север, тоа се чапати – индиски погачици. Се сервираат со густи супи од мешунки, зеленчук и разни сосови. Јадењата изобилуваат со егзотични зачини.

Јапонија
Во оваа далкуисточна земја, главен специјалитет е сашими, односно сировата риба. Да не ги заборавиме ниту јакимоно (пилешко и јунешко месо на скара) и тестенините. Ако зборуваме за пијалаците, покрај саќе, тука е кајсеки, односно славната церемонија на пиење чај.

Индонезија и Малезија
Оваа кујна е микс од кинеска, португалска и индијска кујна. Колонистите и трговците оставиле голема трага врз специјалитетите и готвењето. Тестенините се неизбежен дел, а чилито како да ја одразува страста на населението. Нивните кујни не се комплицирани, а вкусовите се одвоени и едноставни.

Related Posts with Thumbnails