wordpress counter

„Zotter“ – чоколади со необичен вкус и изглед

Австрискиот бренд за чоколади „Zotter“ е познат по рачно производство на чоколадо во повеќе слоеви и безброј вкусови. Како врв на сè, тие се спакувани како мали уметнички дела.

Чоколадите се произведуваат исклучиво од органски и „fair trade“ состојки. Нивната посебност e во оригиналната рецептура и чоколадото во повеќе слоеви. Најнова иновација е бојата на чоколадото. Имено, „Zotter“ го трансформира овошјето во чоколадо и на тој начин се добива интензивна боја и несекојдневен изглед.

Што се однесува до приказната за настанокот на овој бренд, интересно е дека Јозеф Зотер и неговата сопруга пред 25 години отвориле малечка слаткарница во Грац. Пет години подоцна, Јозеф го осмисил првото рачно изработено чоколадо – „Hand Scooped“. Со тоа ја започна чоколадната револуција и вовел нови облици, вкусови и пакувања на чоколади. Како што вели самиот, тој работи по принцип на побуна против сè што е вообичеано.

„Zotter“ чоколадата се продаваат и во облик на круг, содржат голем процент на какао од Конго, Панама и Перу, а имаат вкусови како манго, кокос, малина, маракуја. Едно од нивните чоколади има и хуманитарна мисија. Имено, со купување на едно „Yummy Meals For Schools“, едно дете во Мјанмар добива училишен оброк.

Автор на пакувањата е Андреас Граце, хартијата се рециклира, а пакувањето е насликано со бои кои се јадат. Поради својот дизајн, компанијата во 2008 година ја освои и престижната награда „iF“ за дизјан на продукт.

Related Posts with Thumbnails