wordpress counter

Газираните пијалаци и депресијата

Веројатно прво што ќе помислите е каква врска имаат овие две работи. Според истражувањата на американските експерти, врската помеѓу нив е сериозна и открива дека пиењето газирани пијалаци ја зголемува можноста за појава на депресија.

Во истражувањето во кое учествувале 265 илјади лица на возраст помеѓу 50 и 71 година, утврдено е дека оние кои пијат околу 1 литар газирани пијалаци на ден имаат за 30% повисок ризик да заболат од депресија.

Од друга страна, истото истражување покажува дека кафето делува сосема спротивно. Имено, испитаниците кои пиеле по 4 кафиња на ден имале за 10% помал ризик да заболат од депресија во споредба со оние кои воопшто не пијат кафе.

Related Posts with Thumbnails