wordpress counter

Германците и американците најалергични

Со истра­жу­ва­њето кое го спро­веде лон­дон­скиот Импе­ри­јал колеџ, под рако­вод­ство на док­тор Питер Берни, се про­у­чу­вала скло­но­ста кон алер­гии на различни видови храна. Во истра­жу­ва­њето уче­ству­вале 4.500 возра­сни инди­ви­дуи од 13 западни земји.

Утвр­дено е дека посто­јат големи разлики од земја до земја, така што, во Пор­тланд, САД окoлу 25% од насе­ле­ни­ето има алер­ги­ска реак­ција на барем еден вид храна, додека во Реј­кја­вик, Исланд тоа е слу­чај со само 8% од населението.

Покрај аме­ри­кан­ците и гер­ман­ците, ита­ли­јан­ците и норве­жа­ните вле­гу­ваат во гру­пата на нации кај кои често се јавува алер­гија на некој тип на храна. Окулу 22% од насе­ле­ни­ето на овие земји пока­жало пре­о­се­тли­вост кога е хра­ната во прашање.

Од друга страна, на дното на спи­со­кот се исла­нѓа­ните и шпан­ците (11%) и фран­цу­зите и бри­тан­ците со 14% од насе­ле­ни­ето кај кое се јавува алергија.

Инте­ре­сно е дека лешни­ците, пра­ските, дома­тите, пче­ни­цата и јабо­лката се главни пре­ди­зви­ку­вачи на алер­гија, што е спро­тивно на митот дека јај­цата, мле­кото и рибата се оние кои треба да ги обви­ниме. Дури 15% од луѓето пока­жале пре­о­сте­ли­вост на јат­ка­сти пло­дови, во спо­редба со 1% слу­чаи на алер­гија од млеко, риба и јајца.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Истражување