wordpress counter

Глобална потрошувачка на алкохол

Според истражувањето на „MarketLine“, светската потрошувачка на алкохол следната година би требало да надмине 1 трилион долари. Според предвидувањата, ќе се испијат преку 210 милијарди литри, што на 5-годишно ниво би значело зголемување за 10%.

Водечки пазарен сегмент во продажбата ќе бидат пивото и жестоките алкохолни пијалаци со определен вкус. Тие ќе држат половина од пазарниот удел. Интересно е дека Европската унија претставува 57% од светскиот пазар на алкохолни пијалаци. Во производството, главниот збор го водат три големи компании, а првото место е резервирано за „Anheuser-Busch InBev“, која држи дури 20% од пазарот.

Важно е да се напомене и дека 40% од сите продадени алкохолни пијалци (пиво, вино, жесток алкохол) се брендови на големите интернационални корпорации кои вложуваат огромни средства во маркетингот на своите производи со цел да ја задржат лојалноста од своите купувачи.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Комбинирање на вино и храна

Комбинирањето на вино и храна може да биде тешка задача, полна со трикови. Секако дека постојат неколку основни правила за...

Close