wordpress counter

Храна или секс?

Неодамна, во Велика Британија, се откри дека жените вложуваат многу повеќе напор во изборот на храната и многу повеќе мислат на храна, отколку на својата врска и на сексот.

Истотака, една од 10 жени би се чувствувала по виновна ако погреши во изборот на храна, отколку ако направи прељуба. Повеќето од половината од жените признаваат дека повеќе размислуваат на храната отколку на сексот.

Во истражувањето е утврдено дека на 25% од жените начинот на исхраната им е поважен од врската и дека на слабеење би вложиле повеќе напор во споредба со напорот што е потребен да се одржи љубовната врска. Интересно е дека дури 75% од жените барем еднаш во животот биле на диета.

Сепак, истражувачите тврдат дека пристапот на некоја личност кон исхраната треба да биде дел од начинот на живот, но не смее да биде константна преокупација.

Related Posts with Thumbnails