wordpress counter

Храната ја бираме во согласност со нашиот карактер

Британските научници тврдат дека едно јајце во чинија може да ги открие потеклото, статусот и сексуалниот нагон на индивидуите. Како што пренесуваат островските медиуми, лицата кои најчесто за појадок јадат пржени јајца се личности со силен сексуален нагон, додека тие што консумираат тврдо варени јајца немааат речиси никаква еротска фантазија.

Љубителите на поширани јајца се лоши организатори на своето време и обврски. Имаат избувлив карактер, егоцентрични се и не обрнуваат внимание на туѓите проблеми и потреби. Често се разведени.

Главни одлики на љубителите на омлет се самодисциплината и трпеливоста. Нивното животно мото е да се биде во златната средина. Често станува збор за личности кои немаат деца и се мошне педантни.

Личностите кои уживаат во јајце на око имаат добар сексуален апетит. Најчесто потекнуваат од работнички семејства. Ако им се здосади обичното јајце на око, тогаш се префрлаат на кајгана.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Тортички од козјо сирење со салата од цвекло

Ова е рецепт за едно интересно предјадење богато со различни вкусови и ароми. Тортичките од козјо сирење одлично се комбинираат...

Close