wordpress counter

Истражување: Глобално омилена храна (1 дел)

Британската организација „Oxfam“ спровела анкета помеѓу 16.000 луѓе во 17 земји во светот. Притоа, организацијата ги испитувала навиките на исхрана и вкусовите, кога се работи за храната. Добиените резултати, помеѓу другото, покажуваат како земјите се носат со глобализацијата и какви разлики постојат во достапноста на храната.

Ако ги разгледаме резултатите, ќе видиме дека американците (со оглед дека немаат своја специфична кујна) како омилена храна ја одбрале пицата, а потоа следат стек, пилешко месо, мексиканска кујна, тестенини и хамбургер. Од друга страна, единствената земја во која зеленчукот е омилена храна е Пакистан. Австралијците го одбраа чоколадото, додека до своите корени се држеа само неколку земји како Шпанија, Индија, Мексико, Танзанија, Гана и Кенија.

Како резултат на испитувањето, следниве 10 типови на храна се најомилени помеѓу жителите на планетата Земја:

При истражувањето, научниците се обиделе да дадат одговор и за тоа колку се менувале прехранбените навики на луѓето. Утврдено е дека дури половината од нив дале различни одговори во споредба со истражувањето пред две години. Како најчести причини за промена на навиките биле наведени цената на храната и грижата за сопственото здравје.

Related Posts with Thumbnails