wordpress counter

Истражување: Го јадеме она што прво ќе го видиме

Според податоците од најновите истражувања, храната која прва ќе ја погледнеме во фрижидерот и онаа која ни е најблиску на дофат, е храната која прва ќе ја изедеме. Поточно, постои три пати поголема веројатност дека ќе ја изедете првата работа која ќе ја видите во фрижидер.

Испитувањето е направено врз 200 испитаници на Универзитетот „Корнел“ во Њујорк. Според Брајан Вансинк, еден од главните стручњаци кои работеа на оваа студија, местото на кое храната е ставена има огромно влијание врз човекот, затоа што луѓето се склони да ја одберат онаа храна која прва ќе ја видат.

Ако ја ставите здравата храна пред нездравата, веројатноста да ја одберете здравата храна како оброк е многу поголема. Многу помалку веројатно е дека ќе се определите за петтиот или осмиот продукт, особено ако сте уморни.

Според Вансинк, најдобро е храната да се пакува во непроѕирни садови, за да не може веднаш откако ќе го отворите фрижидерот да видите за која станува збор.

Related Posts with Thumbnails