wordpress counter

Истражување: Мирисот на топол леб ве прави подобра личност

Француски истражувачи откриле дека пријатниот мирис на печен леб може да ве направи подобра личност. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот „Journal of Social Psychology“ и укажуваат дека одредени мириси потикнуваат подобро расположение и алтруистичко однесување.

И претходните истражувања покажуваа дека пријатните ароми делуваат на подобрување на расположението, но оваа студија ги доведува во врска конкретен мирис и добро јадење.

Доброволците кои учествувале во истражувањето имале задача да испуштат некој предмет од раце, додека научниците ја набљудувале реакцијата на случајните минувачи.

Оваа постапка била повторена 400 пати, а резултатите покажале дека случајните минувачи, ако се најдат пред пекарница, во 77% од случаите го подигнувале паднатиот предмет и го враќале на сопственикот. Од друга страна само 51% од тие кои биле пред продавница за облека го вратиле паднатиот предмет.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Бело варено вино

Вареното вино е еден од најпопуларните пијалаци во текот на зимскиот период. Ако уште се наоѓате на некоја планина, опкружени...

Close