wordpress counter

Истражување: Однос квалитет-цена кај храната

Во Хрватска е направено едно навистина интересно истражување. Испитаниците биле запрашани кој бренд или кој производител нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот во последните 12 месеци. Или поедноставно, каде добивате најмногу за определна цена.

Со оглед дека речиси сите брендови на оваа листа ги има и кај нас, ги пренесуваме резултатите:

1. Виндија    10.0%
2. Дукат    6.5%
3. Конзум    6.0%
4. Гавриловиќ    5.5%
5. Лидл    5.0%
6. Подравка    4.0%
7. Краш    2.5%
8. ПИК Врбовец    2.3%
9. Ледо    1.8%
10. Интерспар    1.5%

„Виндија“ и натаму е во водство, според мислењето на купувачите во Хрватска. Голем скок имаат и „Дукат“ и „Гавриловиќ“, кои претходните години имале полоши резултати.

Она што е интересно е дека на дури 9 од 10 места се наоѓаат хрватски брендови, односно производители. Би било интересно да ги видиме резултатите во Македонија. Искрено, не веруваме дека македонски компании би имале повеќе од 3 места.

Related Posts with Thumbnails