wordpress counter

Истражување: Што јадат политичарите? (1 дел)

Политичарите отсекогаш биле интересна тема на разговор. Со оглед дека и тие ја обожуваат храната, решивме да направивме едно истражување. Истражување кое ќе ни покаже што светските и нашите политичари сакаат да јадат.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сака да готви и најважна состојка за неа е зелката. Дури, во 2001 година, беше избрана за „кралица на зелките“ од градот Олденбург. Сепак, нејзино омилено јадење е колбас со мелено свинско месо, во комбинација со неизбежната зелка.

Поранешниот француски претседател, Жак Ширак, секое утро го започнувал со багет лепче и млеко. Неговиот поранешен колега, Тони Блер, не може без шпагети „болоњезе“ и секако најпопуларното британско јадење – риба и чипс.

Американскиот претседател Обама е најпосветен фан на пицата од сите светски претседатели, иако сака и пржени јајца, компири и тост, додека британскиот принц Чарлс ужива во омлет. Најрадикален е шпанскиот премиер, Родригез Запатеро, кој сака диња со сол.

Мати Ванханен, претходниот премиер на Финска, обожувал потпечени компири, додека чехот Вацлав Хавел палачинки со шунка. Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, сака пилешко месо подготвено на скара во комбинација со салата. Американскиот амбасадор кај нас, Филип Рикер, знае да ужива во пилешко и јагнешко месо, подготвени на скара.

Related Posts with Thumbnails