wordpress counter

Истражување: Што јадат политичарите (2 дел)

Во првиот дел од статијата, видовме што јадат бившите и сегашните светски политичари. Во овој дел ќе се осврнеме на домашните, македонски политичари.

Ако извлечеме некаков просек, тогаш македонските политичари се верни на домашната традиција. Преферираат тавче-гравче, сарма, турли-тава, летна манџа. Пијат турско кафе или еспресо. Жестоки пијалаци ретко се пијат, а кога тоа е случај, најчесто станува збор за жолта ракија и салата како мезе.

Бранко Црвенковски не е многу избирлив, а таков бил и кога беше шеф на државата. Менито на ресторанот во Собранието е сосема доволно. Пие минерална вода и турско кафе без шеќер. Владо Бучковски пие еспресо и јаде лесна храна – вариво, салати и овошје.

Гзим Острени ужива во супа, телешки мускул и салата, додека Сашко Кедев е љубител на бифтек и салата. Роза Топузовска обично јаде варива. Изет Меџити и министерот Бујар Османи сакаат здрава храна, но тоа го практикуваат само кога јадат дома.

Related Posts with Thumbnails