wordpress counter

Истражување: Каква храна против осаменост

Пилешката супа и макароните со сирење можеби не се најдобрата храна за нас, но е одлична за нашите емоции. До овој заклучок дошле истражувачите на „Psychological Science“, кои го испитувале влијанието на таканаречената „храна за утеха“.

Со цел да се натераат учесниците во истражувањето да се почувствуваат осамено, требало да пишуваат 6 минути за расправија со некој нивни близок човек. Додека другата група на испитаници пишувала текст кој има неутрално влијание. Потоа, дел од учесниците пишувале за „храна за утеха“, додека друг дел за „обична храна“. На крајот, секој од учесниците одговарал на прашања, со цел да се утврди нивното ниво на осаменост.

Пишувањето за кавга со блиска личност ги прави луѓето да се чувствуваат осамено и празно. Луѓето, пак, кои се сигурни во своите врски, доволно е само да пишуваат за „храната за утеха“ и да се спасат од осаменоста. Интересно е дека „храната за утеха“ најчесто е онаа која нѐ поврзува со некоја наша драга личност. Во своите есеи, повеќето од испитаниците кога зборуваа за оваа храна, всушност тие пишуваа за јадењето храна со семејството и пријателите. Затоа и изборот на оваа храна е прилично индивидуално.

Во еден друг експеримент, јадењето пилешка супа ги натерало луѓето повеќе да размислуваат за врски со други луѓе, но, само ако тие на таа супа гледаат како на „храна за утеха“, односно ако ги поврзува со личности кои им се драги.

Ова истражување само покажува дека и храната може да се употреби како средство за лечење на секојдневниот стрес кој го трпиме. Иако покажа дека „храната за утеха“ е индивудуален избор, сепак останува да видиме дали постојат определни видови храна кои подеднакво може да делуваат кај сите луѓе кога се чувствуваат осамено.

Related Posts with Thumbnails