wordpress counter

Кој тип на луѓе најчесто се вегетаријанци?

Најновите истражувања покажуваат дека бројот на вегетаријанци во Америка не се променил во последните 10 години и изнесува 5% од вкупното население. Овој факт укажува на тоа дека вегетаријанството и натаму е необичен начин на живеење, чија популарност не расте, но и не опаѓа.

Од сите анкетирани лица, околу 2% се вегани, односно луѓе кои воопшто не консумираат производи од животинско потекло. Интересно е дека повеќето вегетаријанци се жени отколку мажи. Од сите анкетирани, 7% од жените кажале дека се вегетаријанки, а истото го потврдиле и околу 4% од мажите.

Најмногу вегетаријанци се на возраст од 50 години и повеќе, повеќето од нив се со средно образование, а помалку со високо и она што е најзбунувувачко е фактот дека повеќето вегетаријанци се самци.

Related Posts with Thumbnails