wordpress counter

Која храна најчесто се краде?

Британскиот центар за истражување на малопродажбата направи едно навистина интересно истражување. Станува збор за истражување за тоа кој тип на храна најчесто се краде од продавниците.

Истражувањето е спроведено во 43 земји и во преку 1.150 производители кои продаваат во преку 250.000 продавници. Истражувачите дошле до многу интересни податоци.

Имено, најкраден продукт на светот е сирењето. Тоа учествува со 3.1% на глобално ниво во вкупното количество на украдена храна. Други производи со висок ризик се: свежото месо (2,8% од сите кражби), чоколади и бонбони (2.78%), алкохол (2.47%), морска храна (2.46%), млеко за новороденчиња (2.33%) и зачини (2.02%).

Ако ги гледаме резултатите по земји, најмногу храна се краде во Индија (2.38% од вкупната продажба), Русија (1.74%), Мароко (1.72%), Јужна Африка (1.71%) и Бразил (1.69%). Најмалку се краде во Тајван, Хонг Конг, Швајцарија, Австрија и Јапонија (помалку од 1%).

Сепак, колку нам да ни изгледаат интересно овие резултати, претпоставуваме дека на производителите и продавачите воопшто не им се интересни. Особено ако имаме предвид дека кражбите изнесуваат 119 милијарди долари на годишно ниво во овие 43 земји или 66 долари по човек. Ако кон ова го додадеме и постојаниот раст на кражбите од година во година, тогаш ситуацијата станува уште посериозна.

Related Posts with Thumbnails