wordpress counter

Луѓето со светли очи пијат повеќе алкохол

Во едно истражување за употребата на алкохол, експертите дошле до навистина интересни заклучоци. Имено, луѓето кои имаат посветли очи, пијат повеќе алкохолни пијалаци. Во текот на студијата, луѓето со црни и кафени очи се сметало дека имаат темни очи, додека луѓето со сини и зелени очи биле во групата на луѓе со светли очи.

Во истражувањето учествувале две групи. Едната била составена од мажи и притоа е откриено дека од 6.242 со светли очи, дури 42% имаат проблем со алкохолот, додека од 4.618 мажи со темни очи, 38% имаат таков тип на проблем.

Втората група била составена од жени. Резултатите се горе-долу слични, без разлика дали станува збор за количеството на алкохол испиено последната седмица, месец или денови кога испиле повеќе од 6 пијалаци.

Истражувањето покажа дека луѓето со светли очи се помалку чувствителни на алкохол (вклучително и опојни супстанции). Тоа значи дека им е потребно да испијат повеќе алкохол за да го почувствуваат ефектот. Повеќе алкохол води кон можна зависност.

Related Posts with Thumbnails