wordpress counter

Мажите бегаат од вегетаријански јадења

Едно истражување, објавено во „Journal of Consumer Research“, открива дека постои силна поврзаност помеѓу машкоста и консумирањето на месо. Имено и двата пола сметаат дека мажите кои јадат месо се многу „поголеми мажи“ отколку оние кои не консумираат.

Како куриозитет се наведува дека во дури 23 јазици именката месо е во машки род, а мажите кои консумираат месо употребуваат посилни зборови кога зборуваат на таа тема. Тоа не е случај кога зеленчукот е тема на разговор.

Кога станува збор за тоа како мажите го прецепираат месото, тогаш заклучокот е дека консумирањето на овој продукт ги тера да се чувствуваат посилни, додека сојата сметаат дека е храна за „слаби мажи“.

Инаку, ова истражување е направено во насока на поттикнување на поголема консумација на соја и зеленчук. Ако се водиме од овие резултати, очигледно е дека пред здравствените и маркетинг работниците ќе биде тешка задача. Една од идеите е да се направат производи од соја кои ќе личат на месо, а на пакувањето ќе има фотографија од скара.

Related Posts with Thumbnails