wordpress counter

Мирисот на портокал го поттикнува купувањето

Научниците, трговците и вработените во маркетинг знаат дека одредени мириси ги поттикнуваат потрошувачите да купат повеќе продукти од она што го планирале. Тоа е таканаречен мирисен маркетинг и претставува инвазивна продажна техника, затоа што е посуптилна од аудио и видео пристапот.

Затоа, научниците од Швајцарија и САД, се обидоа да откријат кои мириси влијаат најефективно на процесот на купување. Резултатите од истражувањето покажуваат значаен пораст на продажбата кога просториите мирисаат на портокал.

Се споредувале два мириса – едноставен мирис од портокал и сложен мирис од портокал, босилeк и зелен чај. Се покажа дека онаму каде мирисало на обичен портокал, продажбата пораснала за 20% во споредба со просториите каде се чувствувал комплексен мирис или каде што воопшто немало мирис.

Едeн од заклучоците од истражувањето е дека едноставните мириси ги насочуваат купувачите кон купување, додека силните мириси ги попречуваат во размислувањето.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Тестенини со панчета и печурки

Тестенините се секогаш добар избор за било кој оброк во текот на денот. Ги има во мал милион комбинации, а...

Close