wordpress counter

Може ли магданосот навистина да го отстрани лошиот здив?

Општо познато правило е дека магданосот помага во отстранување на лошиот здив. Но, дали тоа навистина е така?

Ова растение се смета за природен дезодоранс. Неговата темно зелена боја е знак дека дека изобилува со хлорофил, кој има антибактериско својство, а токму бактериите се тие кои се одговорни за лошиот здив. Имено, тие се хранат со остатоци од храната во устата и на тој начин се создаваат проблематични врски со сулфур.

Меѓутоа, неколку научници се „фрлиле“ на проучување на овој мит. Тие сметаат дека магаданосот ја нема таа моќ, туку само го маскира здивот, но не ја намалува концентрацијата на врски со сулфурот. Според нив, она што вистински може да ја намали количината на тие врски, барем на час или два, е зелениот чај.

Треба да се има предвид дека преголемата тежина, пиењето алкохол и пушењето делуваат на зајакнување на лошиот мирис на здивот.

Related Posts with Thumbnails