wordpress counter

Истражување: Најдебелите нации на светот

Ова истражување, секоја година го спроведува Светската здравствена организација. Станува збор за мерење на индексот на телесна тежина, кој претставува однос помеѓу висината и тежината. Индекс со износ 25 веќе се смета за преголема тежина, додека 30 и повеќе е сериозен индикатор на дебелина.

Во првите 10 земји се наоѓаат дури 8 земји од пацифичкиот регион:

1. Науру (95% од населението постаро од 15 години)
2. Микронезија – 92%
3. Кукови острови – 92%
4. Тонга – 92%
5. Ниуе – 84%
6. Самоа – 83%
7. Палау – 81%
8. САД – 79%
9. Кирибати – 77%
10. Доминика – 76%

Еве го списокот на дел од европските земји и нашите соседи:

Грција е најдебелата европска нација, додека најслабата европска нација се романците. Македонија се наоѓа точно на половина од листата и во европски рамки само 10 земји се послаби од нас.

Од високоразвиените земји, само две се наоѓаат во долниот дел на табелата. Јапонија и Сингапур се единствените развиени земји чие население е слабо. Во овие земји само 22% од жителите имаат вишок тежина.

На самото дно се наоѓаат Еритреја, Етиопија и Бангладеш со 4-6% од населението со прекумерна тежина. Но, сите знеме дека таму има некои други причини за таа состојба.

Related Posts with Thumbnails