wordpress counter

Поднебјето ги диктира навиките на исхрана

Според истражувањето на бројни нутриционисти, во квалитетот на исхрана постои вистински парадокс. Имено, најквалитетно се хранат најсиромашните и најбогатите луѓе. Првите, поради недостаток од месо и преработки од месо, јадат житарки, додека вторите, поради финансиите и свеста јадат проверена и здрава храна.

Сепак, сè зависи од поднебјето каде се живее. На пример, во Чад, Африка, во камповите каде живеат бегалци од граѓанската војна во Судан, јадат најздрава храна. Тие неделно јадат околу 20 килограми житарки и храна со скроб, што според мерилата за храна е идеалот на секоја здрава исхрана.

Тие сиромашни луѓе, на месо, риба и јајца трошат 1 долар, пијат само флаширана вода, а на јаткасти плодови и зачини половина долар неделно. Тоа е сон на секоја европска или американска полничка личност која ниту со помош на лекари не може да го постигне тоа. Од друга страна, богатите јадат свежи и здрави продукти, внимаваат на исхраната и уживаат во тартуфи, асапрагус и артичок.

Според поднебјето, би требало Французите и Јапонците да бидат најздрави. Јадат помали оброци, неколку пати на ден и квалитетно. Со храната, Французите пијат вино, а Јапонците саќе. Просечното јапонско семејство троши 15.000 денари неделно на храна која се состои од риба, зеленчук, житарки и ориз. Французите уживаат во кратко варен зеленчук, малку бело месо, маслиново масло и зачини, риба и морски плодови.

Германците на овошје и зеленчук неделно трошат 3.600 денари, додека Американците за истиот период трошат само 1.900 денари. Но, затоа, за пици неделно знаат да потрошат и по 3.300 денари.

Во наредното истражување ќе ги сумираме навиките на исхрана на македонската популација и ќе ви ги презентираме. ●

Related Posts with Thumbnails