wordpress counter

Истражување: Потребата за кафе запишана во гените?

Според „USA Today“, во истражувањето направено од Националниот институт за рак, истражувачите откриле два гена кои може да влијаат на вашата потреба за кофеин. Според нив, во зависност од која варијанта на генот носите (за висока или ниска консумација), ќе биде утврдено и колку брзо или споро го преработувате кофеинот.

Според водачот на истражувањето, д-р. Неил Капоразо, луѓето не се свесни колку генетиката има влијание на определни однесувања, како што се пушењето, пиењето алкохол или кафе.

Зошто е интересно ова истражување? Не само што е утврдено дека постојат гени за консумација на кафе, туку еден од нив директно влијае на метаболизмот на состојките на ракот и ред други наркотични средства. На тој начин, сега постои јасен генетички маркер кој може да се тестира и да се утврди влијанието врз организмот.

Инаку, станува збор за гените CYP1A2 и AHR. Или народски кажано, тоа може да бидат генот „кратко еспресо“ и генот „половина литар филтер или турско кафе“.

Related Posts with Thumbnails