wordpress counter

Поврзаност помеѓу храната и коефициентот на интелигенција

Едно истражување спроведено од страна на „University of London“ покажува дека исхраната на децата на долг рок влијае врз нивниот коефициент на интелигенција. Со ова истражување се настојувало да се открие дали главниот оброк во денот делува на когнитивните способности на децата.

Преку 4.000 деца на возраст од 3-5 години биле дел од оваа студија. Резултатите од студијата покажуваат дека децата кои често консумираат брза храна имаат понизок коефициент на интелигенција во споредба со децата кои консумираат свежа и домашно приготвена храна.

Дополнително, утврдено е дека децата кои доаѓаат од семејства со понизок социо-економски статус јадат почесто брза и нездрава храна и со тоа имаат понизок коефициент на интелигенција. Оваа студија укажува дека училиштата и родителите мора да посветат многу внимание на исхраната и да им помогнат на децата да ги развијат нивните когнитивни способности со помош на храната.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Табуле

Табуле е ориентална салата, особено карактеристична за арапскиот свет. Ова е традицонално мезе, кое подоцна преку Кипар е пренесено во...

Close